Со иновативните проекти на СОУ ,,Димитар Влахов” од Струмица кои беа наградени од Фондот за иновации, професорите и учениците од ова училиште очекуваат бенефити но и примена на истите во заедницата. Првиот проект е ,,Индиго росе,, под менторство на професорките Јасмина Цамбулева и Ленче Христова има за цел да се истражат антиоксидантите од црниот домат кој има превентивно дејство против канцорогените заболувања.Овој проект доби подршка од 225 илјади денари
Со целосното истражување проектот има за цел да се најде форма за да се примени во фармацевтската индустрија. Нивните препораки е дека црниот домат кој се одгледува во Куклиш има одлични превентивни својства против канцерогени заболувања
Во овој проект работеа учениците од трета година фармацевтска струка – Филип Тодоров, Елена Ташева, Стојанка Ефтимовска, Сара Делевска, Никола Костурски, Љубица Гошева
Вториот проект го носи насловот ,, Намалување на штетното влијание на CO2,, под менторство на професорките Костадинка Tушева и Зорица Масникоса. Станува збор за проект – екофилтер за вградување во асупусите на моторните возила со цел да се намалат штетните издувни гасови
Еко филтерот е правен со помош на зеолит кој врши прочистување на гасовите од согорувањето на нафтените дривати што ги користат моторните возила а кои ја загадуваат животната средина. Овој проект доби подршка од 171 805 денари
Во овој проект учествуваа Љубица Гошева ученик во трета година, Анџела Џингарска од втора година но и од прва година учениците Дорис Иванова, Бранкица Митева, Ружица Минова, Весна Спасова и Ванеса Стојанова
Двата проекти на ,,Димитар Влахов,, добија подршка од владата во висина од 400 илјади денари. Средношколците со своите ментори треба истите да ги доистражат со цел да најадат и соодветна примена во заедницата.