Книжевен портрет на писателот и професор Венко Андоновски во Струмица. Во четврток, 22 февруари, во ресторанот Ројал Парк во новиот дел ќе дружиме со писателот и универзитетски професор, Венко Андоновски.
Повод за книжевната посета е неговиот најнов роман „Папокот на светлината“ за кој ја доби и Меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ во Москва, Русија. Но, за да се изгради книжевниот портрет на Андоновски мора да ги додадеме и неговите претходни книжевни дела, како делчиња од неговиот писателски мозаик. Па така, ќе се навратиме и на она што му претходеше на овој последен роман.
Низ личните и творечки светови на професорот Андоновски ќе нѐ води професорката Билјана Костадинова.