Клуч за Клиниката за кожни болести во Скопје. Вака одлучи министерството за здравство по потврдата дека директорката на клиниката Нина Цаца Билјановска е четвртата заразена од корона вирус во земјата.
Целиот персонал ќе биде во двонеделна изолација, а пациентите се пуштени дома. Докторката била на патување во италија пред речиси една недела и веднаш потоа продолжила да доаѓа на работа, а во саботата одржала и предавање пред стотина колеги во еден скопски ресторан.
Според фотографиите што ги објавувала на својот фејзбук профил, Билјановска во италија била на скиење, во Доломити, но не ги следела препораките на министерството за здравство, туку продолжила да комуницира со голем број луѓе.