• Sat. Nov 23rd, 2024

Климатските промени веќе се чувствуваат во југоистокот

Да се подигне свеста за климатските промени но и да се запознаат граѓаните од југоистокот со потенцијалните негативни ефекти коишто му се закануваат на регионот. Тоа беше целта на денешната трибина во Струмица на која присуствуваа претставници од одделенијата за животна средина на повеќе општини како и членови на граѓански здруженија од областа на животната средина.

Климатските промени веќе се чувствуваат во регионот, а понатаму би можеле да бидат уште поизразени вели Столе Георгиев, дипломиран инжинер за животна средина.

Климатските промени ќе бараат и низа превентивни мерки од надлежните институции за заштита на ѓивотната средина, но и од земјоделците во регионот коишто егзистираат од одгледување земјоделски култури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *