• Sat. Nov 23rd, 2024

Китанов: Интензивно се гради експресниот пат ШТИП-РАДОВИШ

Интензивно се гради експресниот пат Штип-Радовиш, и ова е пример како треба да се гради еден пат, оцени денеска директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов кој беше во контрола на оваа делница долга околу 24 километри а, што се гради од мостот на реката Брегалница, до клучката кај радовишкиот рудник „Бучим“. Вредноста на оваа делница е над 28 милиони евра

-Во завршна фаза е делот, каде што се качуваат на трасата по која ќе можат работниците да се движат, а паралелно со тоа ќе оди и рехабилитацијата на стариот пат. Значи да не го оштетуваат во наредниот период ќе се движат само по горниот слој. Инаку до Нова година според темпото имаа предвидено да имаат реализација од 20 отсто, а тие имаа 35 отсто. Значи многу се понапред од предвиденото, вели Китанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *