• Mon. Nov 25th, 2024

Кирил и Билјана Ахтарови избрани за принц и принцеза на маскенбалот

Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови ќе го предводат карневалското дефиле по струмичките улици, откако на големиот маскенбал во хотелот Сириус беа избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал 2019. Облечени како Фламинго и Црниот Гавран, Билјана и Кирил  ги освоија симпатиите кај присутните  на маскенбалот но и организациониот одбор на струмичкиот карневал

,,Ни претставува чест и привилегија да го предводиме карневалското интернационално дефиле. По втор пат од нашата карневалска група се избира принц и принцеза што значи дека нашата маска е квалитетна и интересна, рекоа Ахтарови, кои за својата креација добија медали од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *