Кина го пријави првиот случај на птичји грип кај луѓето
Кина го откри првиот случај на птичји грип H3N8 кај луѓето, но ризикот од ширење на болеста на други луѓе е низок, соопшти кинеската Национална здравствена комисија.
Вирусот е потврден кај четиригодишно момче од централната провинција Хенан, кое развило треска и други симптоми на 5 април, соопшти Комисијата. Детето било во контакт со кокошки и врани дома, се додава во извештајот.
Варијантата H3N8 е честа појава кај коњите и кучињата, па дури е потврдена и кај фоките. Вирусот е одговорен за пандемијата на грип од 1889 година, позната како руски грип. Минатата година Кина го пријави првиот случај на човечка инфекција со вирусот H10N3.