• Sat. Nov 23rd, 2024

Кај 27-годишен жител од село Бориево пронајдена бела прашкаста материја

ByЃ. K.

Feb 12, 2024

На 10.2.2024 во 01:30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица лишиле од слобода 27-годишен жител на село Бориево, струмичко, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.