Струмица нема да има карневал во сабота. Вечерашниот концерт под маски на основното музичко училиште „Боро Џони“ беше првиот но и последен масовен карневаслки настан. Така одлучи вечерва карневалскиот одбор на Струмица поради појавата на првиот случај на корона вирусот во државата, но и поради мерките на претпазливост што почнаа да ги преземаат земјите во регионот. Ваквата одлука се очекува утре претпладне да ја потврди и Владата којашто или ќе препорача или ќе забрани одржување на масовни настани во затворен и отворен простор.
Тоа значи дека се одложуваат и останатите карневалски настани како маскенбалот на којшто се избира принцот и принцезата, големото карневалско дефиле во сабота и детскиот карневал.
Не е утврдено кога би се одржал карневалот. Ова е посебно издание на струмичкиот крневал. Тој годинава одбележува 3 децении јубилеј од почетокот на одржување на организирана форма по централните градски улици.
Граѓаните по социјалните мрежи коментираат дека ваквите препораки треба да важат и за кафулињата, а особено баровите, каде во релативно мал затворен простор има стотици млади лица.