Поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески ќе работи во струмичката болница каде ќе врши кардиолошки интервенции на пациентите во југоистокот. Тој во Струмица ќе доага наизменично со негови колеги со цел да се развие интервентната кардиологија во југоистокот и пациентите со акутен инфаркт да не се препраќаат во Штип или Скопје
Доагањето на Бакрачески во струмичката болница е дел од планот на министерот за здравство Венко Филипче за развој на интервентната кардиологија во внатрешноста на земјава , вели директорот на струмичката болница Гогов. Тој смета дека на овој начин се отвара можноста за едукација и на персоналот во струмичката болница
За три години низ ангио салата во Струмица поминале 860 пациенти, од кои кај 360 тина се ставени стентови, а 185 пациенти биле третирани со акутен миокарден инфаркт. Освен Бакрачески од Охрид во струмичката болница ќе доаѓа и кардиологот од клиничката болница во Штип – Сашко Николов.