Социјалните станови во Струмица кои ги нуди државата се со корисна површина од 40 до 45 м2.Истите се наоѓаат на улицата Горги Василев чија изградба заврши минатата година. За нивна распределба е отворен конкурсот кој тече преку министерството за труд и социјална политика. Конкурост за добивање на социјален стан во Струмица ќе трае до 6 март по што комисија ке одлучува кој се ќе добие државен кров на глава. Неофицијално за 37те стана кои ќе бидат доделени има огромен интерес. Досега се пријавиле над 50 тина социјални случаи. Поголемиот дел од нив ги комплетираат документите кои мора да бидат заверени и кај нотар. Дивна Стојанова е само едена од кандидатките за добивање социјалне стан
Во струмичкиот регион според евиденцијата на центарот за социјални работи има над илјада лица кои се водат како лица со социјален ризик. Освен тие на конкурост може да се пријават и самохрани родители, слепи лица, деца без родители. ГРадоначалникот на Струмица Коста Јаневски неодамна кажа дека со ова социјална зграда се решава еден горлив проблем
За социјалните станови во Струмица најголем интерес имало од самохраните родители. Комисијата за распределба на становите ифнормираа дека целата постапка ке биде транспарентна и рангирањето ке биде според утврдената методолигија за доделување на социјални станови