ТВ Канал ВИС и во третиот квартал од 2021 година ужива висок рејтинг меѓу гледачите во Југоистокот или реонот Боскија Д4. Во регионот е најгледана телевизија а на ниво на држава како регионален телевизиски медиум е втор по гледаност со опсегот на дневно и неделно ниво. Ова се податоците кои ги објави Агенцијата за адуио визуелни медиумски услуги (АВМУ) кој на секој квартал го мери досегот и вкупната гледаност на телевизиските станици во земјава, независно дали се локални регионални или национални
Во Македонија функционираат 18 регионални телевизиски медиуми кои се поделени во 8 региони. Во Југоистокот функционираат два, од кои ТВ Канал ВИС има неделен опсег на гледаност од 15,2 % . Ова значи дека 15,2 испитаниците од Југоистокот кажале дека во текот на последната седмица мегу многуте телевизиски станици понудени преку операторите, ја гледале и програмата на ТВ Канал ВИС
Според информациите во Југоистокот севкупно се емитуваат 80 тина телевизиски канали домашни и странски заради што вкупниот удел на ТВ Канал ВИС е 1,22 проценти констатира Агенцијата за аудиовизуелни меидумски услуги
Најмногу гледаност Канал ВИС има за време на вестите што се емитуваат секој ден но и емисиите што ги продуцира како што се Дневна соба, Вис а вис, Вис спорт, Тв Ординација, Детско катче, Агроинфо, Црвило, 15 минути со Неделно Попладне, Моето село. Гледаност има и програмата што ја откупува од повеќе продукциии Според истражувањата довербата доаѓа од гледачи на секоја возраст но најмногу се изјасниле гледачи на возраст од 20 до 40 години и над 60 години.
Во Југоистокот биле анкетирани 204 граѓани на различни возрасти. Најмногу во Струмица и Рaдовиш а опфатени се и жители од Гевгелија, Дојран , Богданци, Валандово , Василево, Ново Село, Босилово и општина Конче