• Fri. Nov 22nd, 2024

Калајџиев: Oрганизираниот криминал има линкови со политичката елита

ByВане Трајков

Aug 21, 2022

Случувањата во Обвинителство и во Финансиска полиција покажуваат дека има некој судир внатре во власта, вели професор Гордан Калајџиев во неделното интервју на РСЕ. Личи како обвинителките да се жртва на некој што е заинтересиран да не се истражуваат определени структури, вели тој.

Шефицата на обвинителството против организиран криминал Вилма Русковска суспендирана, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева осудена. Две шефици на обвинителства тргнати од позиција за помалку од 5 години. Кој е помоќен во државата – обвинителството или организираниот криминал?

Па очигледно дека организираниот криминал има сериозни линкови со политичката елита и оттаму се можни вакви невообичаени комбинации и дури инволвирање на високи функционери од правосудството, во конкретниот случај наспроти Вилма Русковска, практично директорот на Финансиска полиција, една битна фигура во она што се вика „лојал формсент“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *