• Fri. Nov 22nd, 2024

Како ќе се реши проблемот со уличните менувачи на девизи во Струмица

Како ќе се реши проблемот со уличните менувачи на девизи во Струмица

Советот за превенција при општина Струмица на денешната 4 та седница меѓу точките на дневен ред го разгледа и проблемот кој настанува на Булеварот Маршал Тито од страна на така наречените „чејнчери“ или улични менувачи на девизи.

Ѓорги Аризанов секретар на Советот и сообраќаен инспектор дециден дека безбедноста на возачите, но и на лицата кои нудат промена на девизи се загрозува, особено во летниот период. Како локално тело во кое се вклучени сите релевантни чинители ќе се обидат да изнајдат решение за соодветно решавање на овој проблем.

Околу 30 тина лица се секојдневно распределени од двете страни на Булеварот,на самата коловозна лента се дивите менувачи на девизи , а на тротоарот до нив дивите продавачи. Арузанов дециден дека ваквата слика мора да се промени.

На денешниот Совет за превенција покрај пробелемот со Дивите продавачи и чејнчери на Булеварот Маршал Тито се разговараше и за проблемот со дивите собирачи на отпад на улицата Антон Панов во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *