Државната комисија за спречување со корупција ја објави имотната сосојба на градоначалниците на Струмица, Валандово, Богданци, Дојран, Ново село и Босилово. Јавно достапни се нивните акнетни листови во кои е прикажана состојбата- колкав и каков имот поседуваат со стапувањето на функцијата градоначалник. Според објавените информации најмногу имот на свое и име на најблиските, имаат градоначалниците на Ново село – Боро Стојчев и на Богданци – Блажо Шапов. Вредносно најмалку имот прикажал градоначалникот на Валандово- Перо Костадинов.
Како што е објавено на сајтот на комисијата градоначалникот на Струмица – Коста Јаневски прикажал имот од околу 16 милиони и 800 илјади денари и тоа како личен, заеднички и имот на деца. Пријавил две куќи во Струмица, стан во Скопје моторно возило Опел вектра и кредит.
Анго Ангов градоначалникот на Дојран пријавил три моторни возила, градежно земјиште, кука, стан и депозити, лични и на семејството, со вредност од 10 милиони и 500 илјади. На негово име се води стан во Гевгелија и автомобил Форд мондео.
Првиот човек на Босилово -Зоран Зимбаков според анкетниот лист има само личен имот и тоа во вредност од 2 милиони и 300 илјади денари. Поседува градежно и земјоделско земјиште и куќа во Босилово но и моторно возило Опел Вектра
Неговито колега, градоначалниот на Ново село Боро Стојчев пријавил имот од околу 35 милиони денари. Се води како личен , на родители, деца ,сопруга . Тој со семејството поседуваат пет моторни возила, мицубуши и сузуки, земјиште и куќа во Ново коњарево а пријавени се 70 сандаци со пчели и 71 грло крави со попратни машини и опрема
Долг е списокот на имотната состојба што ја пријавил градоначалникот на Богданци- Блаже Шапов. Како имот на родителите, Шапов навел станови, деловни простории, градежно и земјоделско земјиште. Но вредноста на имотот на родителите не е наведена иако станува збор за повеќе недвижнини. Како личен имот Шапов наведел само трактор, возило Опел вектра и земени кредити.
Градончалникот на Валандово -Перо Костадинов е ,,најсиромашен’’ според прикажаната имотна состојба во Државната комисија. Со семејството поседува земјиште, куќа, трактор во вредност од милион и 700 илјади денари. Како личен имот Костадинов пријавил само банкарски депозит од 23 илјади денари и според овие податоци тој е единствениот градоначалник кој нема возило.
Анкетни листови доставиле и останатите градоначалници Сашко Поцков на Гевгелија, Герсим Конзулов на Радовиш, Марјан Јанев на Василево и Благој Илиев на Конче. Од Комисијата информираа дека постепено се обработуваат и објавуваат анкетните листови на избраните функционери кои имаат законска обрска да го пријават имот со стапувањето на функција.