• Sat. Nov 23rd, 2024

Казнети 62 возачи до Југоистокот

ByВане Трајков

Nov 22, 2021

Вчера во периодот од 12.00 до 18.00 часот, на територијата на СВР Струмица била спроведена зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа биле санкционирани 62 возачи, од кои по 25 на подрачјата на Струмица и Радовиш и по 6 на подрачјата на Гевгелија и Валандово. Од санкционираните возачи 43 ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. За сторените прекршоци возачите биле соодветно санкционирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *