Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.
Според информациите на Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице, не постапил според одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека четири лица кои седеле на иста маса не биле членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи.
Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000 денари.
извор: Макфакс