Кадетската екипа на Наковски Волеј ја освои Шампионската титула откако вечерва славеше во финалето против штипскиот состав на УГД со резултат од 3:0 во сетови. Младите струмичанки уште еднаш докажаа дека се најперспективниот тим во земјава во одбојка. На гостинките од Штип воопшто не дозволија да се истакнат на теренот во СОУ Димитар Влахов
Ова е втора година како кадетките на Наковски Волеј ја освојува титулата во ова категорија најавувајки дека во иднина со нив ќе нема шала и во младинска конкуренција. Освен во кадетска конкуренција на Наковски волеј и се насмевнува и пионерско финале доколку освојат сет против Луботен во Тетово