Македонскиот национален тим немаше среќа на ждрепката за мундијалските баражи, па се најде на најтешкиот пат. Првата препрека е европскиот првак Италија, а потоа ако ја победи ќе игра со подобриот од Турција-Португалија.
Згора на тоа македонската селекција ќе игра во гости и тоа на 24 март во вечерен термин 20:45 часот. Засега не е познато на кој терен Италија ќе биде домаќин. Во квалификациите „аѕурите“ играа на четири различни стадиони. Клучниот меч со Швајцарија го одигра во Рим, претходно играа во Парма, во Фиренца и во Реџо Емилија.
При евентуален триумф на избраниците на Боби Милевски финалето ќе го играат на 29 март, исто така во 20:45 часот против Португалија или Турција, во Лисабон или Истанбул.