• Fri. Nov 22nd, 2024

Искористени 43 илјади ваучери за туризам од 110 илјади изработени

ByВане Трајков

Nov 16, 2020

Вкупно 43 илјади ваучери за туризам се искористени заклучно до денес од 110 илјади изработени. Министерот за економија Крешник Бектеши е задоволен од реализацијата на  мерката и од дадените ефекти бидејќи во време на криза, има пораст на бројот на домашни туристи.

– Согласно нашите анализи, ваучерите го дадоа ефектот за да им помогнеме на хотелските капацитети, вклучувајќи ги тука и приватните сместувачки капацитети. Тоа го покажува и извештајот на Државниот завид за статистика кој покажа дека во август имаме зголемување на бројот на домашни туристи за 8,9 проценти споредено со 2019 година, а зголемување на бројот на домашни туристи имаме и во септември за 33,7 проценти. Значи, во време на криза, имаме зголемување на бројот на домашни туристи. Мислиме дека овој тренд ќе продолжи и во октомври, ноември и во декември, истакна Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *