По завршување на мечот Беласица – Ренова пред соблекувалната на гостите се случил инцидент во кој настрада Зоран Балдовалиев, кој се обидел да ги смири страстите кај ,,гипсарите” кои пак влегле во дуел со Јордан Серафимовски- фудбалерот на Беласица, над кого Мишковски физички налета во 78 минута и доби црвен картон, откако судијата Стојчевски покажа на белата точка заради игра со рака
Балдовалиев ни потврди дека добил удар од капитенот на Ренова откако се обидел да го заштити Јордан Серафимовски и побарал да се смират страстите кај гостите со оглед дека дуелот веќе завршил и нема потреба од дополнителни тензии. Во тој момент сите фудбалери од Тетово со клетви им се нафрлиле на Балдовалиев и Серафимовски заради што морале да интервенираат редарите и полицијата
,, Капитенот на Ренова место да помогне да се смири ситуацијата, тој се нафрли и ме удри за што имам лесна повреда на ногата. Кога видов дека вербално се расправаат со Серафимовски , побарав да не се дигаат тензиите и да влезат гостинските фудбалери во соблекувалната. Но место тоа почнаа да не пцујат, колнат ,, ни изјави Балдовалиев
За порталот пак www.sportmedia.mk се огласи и капитенот Фисник Нухи кој вели дека нечесно загубиле и Беласица треба јавно да се извини оти пред да биде досуден пеналот Балдовалиев лежел на теренот а Серафимовски ја продолжил акцијата и го молиле Балдовалиев да го промаши пеналот
„По натпреварот се случи инцидент пред соблекувалната на гостинската екипа. Следува дополнителен извештај. Изјава за црвениот картон е дадена од претставникот на гостинската екипа. ФК Ренова најавува жалба за некоректно однесување од страна на домаќинот и за време на натпреварот и после натпреварот“ стои во записникот на забелешка на делегатот на мечот Игор Франгоски од Скопје