• Fri. Nov 22nd, 2024

Интерпелацијата за собранискиот спикер Талат Џафери пристигна во неговиот кабинет

ByВане Трајков

May 31, 2022

Интерпелацијата за собранискиот спикер Талат Џафери пристигна во неговиот кабинет. Оттаму не дадоа никаков коментар за обвинувањата и аргументите на опозицијата, ниту ког ќе се одржи расправата, туку преку соопштение до медиумите само објаснуваат дека Џафери ќе постапи според роковите од Деловникот.. Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. – велат од кабинетот на претседателот на Собранието.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат интерпелацијата да се најде набрзо на дневен ред на седница, а и покрај тоа скептицизмот дека ќе биде изгласана, ги повикуваат и владејачките партии да дадат поддршка во гласањето. Остануваат на истиот став дека Џафери постојано ги прекршува највисоките акти- Уставот и Деловникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *