Вис Спорт : Очекуваше ли да заиграш против Лихтенштајн во Струмица и да дебитираш во македонската селекција
Сеуште го мислам мојот прв настап за репрезентацијата иако поминаа речиси цел месец. Се разбира дека очекував да влезат и тоа пред моја публика на мој терен. Кога отидов на загревање разбрав дека тој аплауз што ми беше даден дека тоа е нешто што не може да се опише. Првпат го почустував тоа, протече и некоја солза радосница нормално, но не дадов да ме понесат емоциите. Кога почнав да се загревам погледав кон видеобимот видов дека е 72 минута и си реков сега е моментот да дебитирам и потоа кога селекторот рече за три минути влегуваш и од тогаш не можам да поверувам дека се случи тоа
Вис Спорт – Што си вети кога застана на аут линијата пред да влезеш.
Кога стоев до помошникот судија за да се направи измената тој ме праша, дали сето тоа што го слушам е насочено за тебе а јас незнаев што да му речам. Бев збунет. Му реков да и тој ми врати. Е па ти навистина и среќен човек, толку луге да те сакаат секоја чест. Кога влегов секогаш прва работа е да се прекрстам оти влегувам со божја мисла секогаш господ да е со мене, Тоа ми е најважно, но се сетив и на моите родители како им е сега во моментот, скокаат од радост. На моите пријатели и тие што ме подржуваат во секоја ситуација и си реков – сега можете да се гордеете со мене
(Лупче е син на Ристо Дориев добропознат фудбалер од златната генерација на Беласица..Со брат му Зоран и неговите родители Ристо и Спасенка)
Вис Спорт: Имаше ли трема Дориев
За првпат во мојот живот се случи таков значаен натпревар за мене да немам трема. Како да имаш трема пред толку луѓе кои се со тебе и ми даваа ветар во грб како што се вели. Навистина влегов со голема самодоверба и сигурен бев дека ке ја оправдам довербата на селекторот и на сите што ме подржуваат и се надевам дека тоа се случи
Вис спорт: Како ти беше кога ти го скандираа името твое ?
Не ми се веруваше тоа што го слушам. Не ми се веруваше. На клупа заплакав кога ја слушнав публиката дека го скандираат моето име и потоа кога влегов тој аплауз никогаш нема да го заборавам и да Ви кажам дека тоа со ништо не може да се купи. Тоа еднаш се случува и јас сум навистина пресреќен што всушност бев токму јас
(Горан е фудбалска икона во Македонија и Европа а пред се голем човек – вели Дориев)
Вис спорт: Што можеш да ветиш на струмичката и македоонската публика
Овде ме познаваат сите во Струмица и пошироко и се надевам дека ке успеам да ги радувам како за клубот Академија Пандев а така и за репрезентацијата . Јас сум уверен дека нема да застанам овде ке продолжам да ја работам работатат како што најдобро ја знам и за публиката оти можам да кажам дека фудбалот се игра за нив. Без пулбика навистина не е тоа фудбалот и се надевам дека ке продолжам да ги изненадувам со моите настапи
Вис спорт: Веруваш ли дека ќе го надминеш Горан Пандев?
Горан Пандев…Што да ви кажам – икона на фудбалот во Македонија а и во Европа. До вчера можев само на телевизор да го гледам но ете дојде и тој ден . И мене не ми се веруваше да бидам негов соиграч..Навистина е чест да делиш моменти со него. Тој е навистина одличен играч а пред се и голем човек…Да го надминам?????….Ова легенда никој не може да ја надмине, на добар пат сум и се нaдевам дека така ќе продолжам…
( Дориев дел од тимот на Академија Пандев кој е во врвот на мак фудбалот и стрелец на пет гола досега)