По 18 месеци пауза, младиот голман на Арсенал Дени Илиев се враќа на фудбалските терени. По последната операција на коленото, тој се чуствува добро и следниот месец ќе ги започне тренинзите со младинскиот состав на ,,топчиите,, . Младиот струмичанец во интервју за ВИС СПОРТ истакна дека ќе биде дел од младинската фудбалска репрезентација на Македонија за ЕП во Полска со која верува дека ќе направат изненадување. Тоа му е првата цел за да веќе наесен се врати и на мрежата на Арсенал. Момчето кое пред четири години од струмичка Беласица замина во Арсенал верува дека сеуште не го дал максимумот во својата кариера и ќе даде се од себе да ги оправда очекувањата на струмичани но и македонската јавност но и она раководството на овој островски клуб.
Како ги помина четирите операции, ќе може ли наскоро да биде повторно добар на голманската позиција, што го нервира а што радува, која е разликата меѓу Струмица и Англија… Еве што кажа Илиев за Вис спорт……