Институционална негрижа и забавено донесување решенија.
90 годишната баба Стефана од Вељуса, 5 месеци е врзана за кревет, целосно неподвижна , слабо контактибилна, со рани по целото тело. За неа во моментов се грижи нејзината ќерка која е покрај неа 24 часа. Ќерката Маре вели, не ми е тешко да ја гледам , но за лекарствата и негата кон неа парите не стигнуваат.
Поднела барање до Цетарот за социјални работи за добивање надоместок за помош и нега од друго лице за мајка и, но категорично била одбиена со образложение дека барањето е неосновано. Мара прашува зарем не е очигледно дека на баба Стефана и треба нега од друго лице и на која основа е одбиена кога во нивниот дом никој не дошол да ја утврди фактичката состојба.
Решението е донесено од страна на ЦСР Струмица, но од таму велат дека постапуваат согласно законските решенија и предходно донесена одлука врз основа на наод и мислење од стручна лекарска комисија. Во решението не се наведени тимот лекари од комисија, туку само број под кој таа се води. Овде застана нашата можност да дознаеме зошто на Стефана не и е доделена паричната помош за нега на друго лице. Но, ќерката Маре најави жалба со која продолжува институционалната битка.