• Thu. Nov 21st, 2024

Инспирирани од Нина, дечиња од Гевгелија продаваат крофни за да помогнат во лекувањето на Луна

ByЃ. K.

Jul 10, 2023

Инспирирани од постапката на Нина од Србија, другарчињата Марија, Петар и Силвија од Гевгелија започнаа да продаваат крофни и кифли за да ѝ помогнат на Луна Поп Костова, собирајќи пари за нејзиното лекување во Турција.

Акцијата ја започна Марија Митрова (11 години) која почна да меси крофни со мајка ѝ, а веќе добиваат зејтин и брашно како помош од Гевгеличани.

Петар и Силвија продаваат и други колачи, а продажбата им оди одлично.

Сите можеме да ѝ помогнеме на Луна, на која и се потребни 65.000 евра за операцијата во Турција. Средствата треба да бидат собрани најдоцна до септември.

By Ѓ. K.