• Fri. Nov 22nd, 2024

Има индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус – многу млади се на респиратори

Има индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус – многу млади се на респиратори.

Директорката на ковид болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, утрово изјави дека е забележано мало намалување на бројот на пациенти и дека во моментов во таа установа се лекуваат 825 пациенти (на 30 марти мало 915).

Аџиќ Вукичевиќ изјави за РТС дека во претходниот период имало 80 до 90 приеми во болница дневно, а сега таа бројка е половина помалку.

На прашањето што влијае на намалувањето на бројот на пациенти и хоспитализирани, таа посочи две работи – вакцинација и почитување на мерките.

Таа додаде дека сè уште не може да даде никакви оптимистички изјави кога станува збор за кронавирусот и пандемијата.

– Иако масовната вакцинација е во тек, иако мерките се почитуваат, сепак нема место за опуштање, бидејќи во болницата има луѓе зад мене со многу тешки клинички слики. Има многу млади луѓе без претходни болести кои се на апарати за вештачко дишење – истакна Татјана Аџиќ Вукишевиќ.

Вукичевиќ посочи дека, според податоците на домашните вирусолози, британскиот вид на вирус претежно циркулира и дека се карактеризира со висока преносливост, потешка клиничка слика и поголема смртност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *