• Mon. Nov 25th, 2024

Илјадници мигранти се упатија кон Моин да ја преминат границата

Илјадници мигранти кои се во кампот Идомени на грчка страна, сакаат илегално да ја преминат македонско грчката граница јавуваат репортерите на ТВ Канал ВИС кои се терен . Според информациите тие се упатиле кон гевгелиското село Моин и од таму да продолжат низ македонска територија кон соседна Србија со цел да стасат во некоја од западноевропските држави. На грчка страна има илјадници мигранти кои со недели се заглавени во кампот Идомени и чекаат да им се реши судбината. По минатонеделнито самит, ЕУ ја затвори балканската рута за транзит на мигрантите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *