Струмичкиот ликовен уметник Никола Пијанманов вечерва ќе ја отвори новата изложба „Пасија (Смртта умира)“ во галерија „Метаноја“ во Скопје.
Изожбата „Пасија“ е тематска и на еден креативен начин го толкува Исусовото страдање низ повеќе секвенци од неговиот живот.
Поставката содржи 25 дела коишто се создавани последните неколку години. „Сликите во оваа поставка формираат една композициска целина. Некои од сликите се создадени според обликот и димензиите на самиот простор. Компарацијата на поставката во овој простор е со онаа од ранохристијанските слики и симболи во катакомбите“, вели Пијанманов.
Рецензенти на изложбата се Коста Милков и Отец Климент од Зрзе. Организатор и целосна поддршка на оваа изложба – Нада Милкова, Галерија Метаноја и Балкански институт за вера и и култура.