• Tue. Nov 26th, 2024

Изложба „На работ на зборовите“ во Градска галерија Струмица

ByЃ. K.

Nov 9, 2023

Изложбата „На работ на зборовите“ се занимава со јазикот, неговите капацитети и граници. Како дел од активностите на Делегацијата на ЕУ за славење на јазикот, особено на македонскиот јазик и литература, оваа изложба ги истражува вербалната комуникација и изразувањето кое ги надминува зборовите, како што е случај со визуелната уметност, како и нашите емотивни врски со зборовите. Универзални теми за сите јазици – без оглед какви гласови или азбука користат.

Во „Работ на зборовите“, организирана во соработка со галеријата Акантус од Скопје, шестмина уметници се претставуваат со свои видувања на зборовите како дел од јазикот, како алатки за комуникација, како средство за образование, но и на комуникацијата која ги надминува зборовите. Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Нехат Бекири, Александра Петрушевска-Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски всушност ги истражуваат капацитетите и границите на јазикот како средство за изразување.

Програмата ќе биде збогатена и со поезија од делата на Ацо Шопов во изведба на студенти од Катедрата за македонски јазик и книжевност од Филолошки факулет при Универзитет “Гоце Делчев” Штип.

Изложбата ќе биде отворена до 23.11.2023 година.

By Ѓ. K.