Според податоците на Државната изборна комисија во Општината Центар Жупа до 11 часот гласале 14,47 отсто од запишаните гласачи, додека во Општината Маврово – Ростуше на гласање излегле 14,11 отсто од гласачите. Во Тетово излезноста е пониска и изнесува 6,69 отсто од гласачите со право на глас.
Во Тетово се гласа за избор на нов општински Совет откако пролетоска Советот се расушти бидејќи не беше изгласана завршната сметка на Општината.
Во Маврово – Ростуше и во Центар Жупа се гласа во еден круг за избор на градоначалници, бидејќи во претходните изборни циклуси градоначалници не беа избрани поради тоа што излезноста на избирачите беше под законскиот праг од најмалку една третина од граѓаните со право на глас.