• Mon. Nov 25th, 2024

Излезе од печат второто издание на книгата „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“

ByЃ. K.

Jan 2, 2024

Во издание на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија од печат излезе второто надополнето издание на книгата „Дијабетес мелитус како јавен здравствен проблем во општина Гевгелија“. Автори на книгата се д-р спец. Андон Мандиќ, д-р спец. Зоран Димитров и д-р Златко Трајков.

Делото изобилува со информации за историјата на здравството и дијабетесот во град Гевгелија, сегмент за акутните и хроничните компликации од шеќерната болест, како и сегменти кои се обидуваат да понудат решенија во врска со третманот и превенцијата од оваа болест на територијата на општина Гевгелија, земајќи ги предвид официјалните епидемиолошки податоци.

Книгата ќе биде промовирана наскоро.

By Ѓ. K.