• Sat. Nov 23rd, 2024

Изградени 7.000 метри од планираната мрежа системот за наводнување во валандовско

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, денеска во валандовско, ја посетија локацијата каде што во тек се градежните работи за изградба на новиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, се однесува на рехабилитација и модернизација на инфраструктурата за наводнување на системот за наводнување во Валандово. Министерот Димковски посочи градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика во договорот со изведувачот Штрабаг.  Изградбата започна во јуни, во моментов, како што истакна, во полн ек е изградба на секундарната мрежа за наводнување (разводни цевководи) и на терцијалната мрежа за наводнување (дистрибутивни цевководи) и на пумпната станица Јосифово.

-Целта на проектот е  по завршувањето околу 2000 хектари да бидат обезбедени со наводнување. Досега, за три месеци,  се изградени околу 7000 метри од поставената планирана мрежа. Се работи за затворен систем, водата со пумпи ќе се носи од реката Вардар, ќе се градат неколку пречистителни станици и водата што ќе се носи до нивите ќе биде филтрирана. Се работи за модерен софистициран систем за наводнување, што многу ќе значи во менаџирањето со наводнувањето и практично искористување на природните ресурсри, што крајно ќе влијае и врз подобрување на квалитетот на производите, изјави министерот Димковски. 

Градоначалникот на општина Валандово, Костадинов, изјави дека овој проект е од исклучителна важност не само за општина Валандово туку и за целата дрежава и е од оргомна корист на земјоделците.

-Во општина Валандово голем дел од приходите на земјоделците се токму од земјоделство, особено што имаме и компративната предност за земјоделско производство.Работите на терен во делот на изградбата на системот за наводнување се според предвидената динамика и очекуваме така ќе продолжи.Ваквите капитални проекти во системи за наводнување се добредојдени за нашата општина“, изјави градоначалникот Костадинов.

Реализацијата на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза е во вредност од 24,3 милиони евра, од кои дел од парите се од буџетот на МЗШВ, а дел се кредит и грант од германската развојна банка „KfW“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *