Заврши реализацијата на првата фаза од проектот за обезбедување питка вода за пиење на жителите од населеното место Дрвош општина Босилово кои летово реагираа преку апликацијата Граѓански новинар за немање вода за пиење во ова место. Како што соопшти градоначалникот на Босилово Ристо Манчев деновиве заврши изградбата на бунарот и помпната станицата која треба да црпи вода и се транспортира до резервоарот за населеното место Дрвош. Како што потенцираше градоначалникот Манчев направена е бушотина со издашност од 2,5 литри во секунда иако се очекувале 2 витра повеке. Сепак проекциите говореле дека и со овој капацитет ќе има доволни количини вода за пиење во Дрвош
Градоначалникот Манчев најави дека во наредниот педиор ќе се работи на обезбедување финансиски средства за реализација на целиот проект. Сега ќе се бараат средствата за изградба на цевковод во должина од околу 4 километри до резервоарот над селото од каде треба да се снабдува цело село