Во Пиперево се гради последниот крак од фекалниот канализационен систем. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов објави дека сите домаќинства ќе можат да се приклучат на системот.
„Ова е историски момент, бидејќи ова е проект долгоочекуван и неопходен за секојдневното живеење на граѓаните од Пиперево. Со овој проект настапив и на Локалните избори 2021 година како ветување и врз основа на тоа ја добив довербата од граѓаните да ја водам општина Василево. Повеќе нема да има излевање на септичките јами а со тоа ќе се заштити животната средина“ објави градоначалникот Андонов.