На улица „Васил Главинов“ во Струмица утрово во 02:15 часот, изгоре автомобил. Како што информираа од ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно против пожарно возило и четири пожарникари е спречено натамошно ширење.Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета.
ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат заради паркирани автомобили на пристапните улици и затоа било изгубено драгоцено време за навремена и брза интервенција. Инаку, во текот на вчерашниот ден струмичките пожарникари интервенирале четири пати.
Во атарите на селата Градашорци и Василево гаснеле запалена сува трева, во селото Костурино бил запален покрив на куќа, а во атарот на село Дукатино гаснеле запалена нискостеблеста шума.