,,Сами си ја сечеме гранката на која што седиме,,. Вака искоментира првиот човек на организациониот одбор на струмичкиот карневал Александар Цицимов откако викендов за време на одржување на каренвалот, цените на пијалоците, храната, такси превозот двојно скокнаа а за странците и петкратно. И струмичани коментираат дека во саботата и неделата што преку денот што преку ноќта, цените биле двојно зголемени, што не е во ред.
,,Апелирав тоа да не се случи но за жал и годинава цените беа енормно високи. Разбирам дека имаат зголемени трошоци поради големиот обем на работа но не е во ред да се применуваат такви цени. Ние не можеме во тој дел да интервенираме. На овој начин сами си ги одвраќаме гостите и посетителите за време на карневалот,, вели Цицимов