• Wed. Nov 27th, 2024

Игор Џамбазов, Гуру Харе и АРЕА на СОФ 2019

Отворањето на музичката сцена на Чешмичката ќе биде во знак на извонредниот спој на рокенролот, џезот и блузот.
Во петок, 9 август, на првата музичка вечер ќе настапи легендарниот македонски актер, водител и шоумен Игор Џамбазов заедно со неговиот блуз-гуру, Игор Атанасовски алијас Гуру Харе. Највеселиот #ритамнаградот ќе го дополниме со совршен избор на легендарни македонски рок песни отпеани од Јовче Пандев.
Во сабота, на 10 август атмосферата ќе ја загрее локалниот бенд ДАКТИЛИ. Вистинската рок експлозија на #соф2019 ќе се случи со долгоочекуваниот концерт на АРЕА во Струмица. „Фреквенција на љубовта“, „Колку ми значиш“, „Сите мои слики“, „Дозволи ми“, „Одведи ме“, „Нешто недостасува“… се само дел од хитовите на популарниот бенд. Музичката програма на Чешмичката ќе трае од 9 јули до 15 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *