• Sun. Nov 24th, 2024

И Синдикатот на УПОЗ е незадоволен од зголемувањето на платите од 5%

Синдикатот на УПОЗ незадоволен од зголемувањето на платите на административците за 5 отсто. Велат дека платите на помладите референти, референтите и вишите рефенти се толку ниски што слободно можат да дадат отказ и да аплицираат за социјална помош. Во моментов во нивната плата влегуваат и трошоците за храна и превоз, а со тоа реалната плата на помладиот референт е 10,683, референт 11,747, а вишите рефенти 12,300 денари.

-На овој начин овие вработени ќе и помогнат на Владата да ја намали наводната превработеност во администрацијата. Владата треба да биде свесна дека со покачувањето на минималната плата, концептот на плати во администрацијата, судовите, обцинителствата и затворите ќе падне во вода, односно ќе биде апсолутно нефункционален и некорисен, вели Трпе Деановски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ.

Синдикатот на УПОЗ предлага да се замрзне моменталната вредност на бодот на административците во износ од 81,1 денар. Со тоа платата би растела според растот на просечната плата, а ќе паѓа доколку паѓа и просечната плата. 

-Доколку Владата не отстапи од својот концепт на исплата на плати бараме да направи правилна пресметка на трошоците за храна и превоз, вели Деановски.

Според него, со правилна пресметка на хранарината и превозот платите во државата ќе се зголемат за над 4,700 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *