• Sat. Nov 23rd, 2024

И родилките на протест: „ Дa не дозволиме од нас да направат социјални случаи“

И родилките на протест: „ Дa не дозволиме од нас да направат социјални случаи“

Со протест во сите градови во земјава, околу 1500 мајки кои во моментов се на платено породилно отсуство со своите бебиња ќе излезат на улица,само така велат ќе допрат нашите барања до надлежените во министерството за труд и социјала. Доведени сме во крајно незавидна ситуација, мора да тргнеме на работа, а нема каде да ги оставиме децата. Градинките работат со намален капацитет согласно препораките од Комисијата за заразни болести,групите се веќе формирани, никаде не се примаат нови деца. Многу од нас велат,се соочуваат со притисоци за враќање на работа од една страна, а од друга страна не се нуди никако решение.

Да не дозволиме од нас да направат социјални случаи, вели Марија која доколку остане без работа ќе нема со што да ги прехрани децата. Најголем дел од нас немаат никаква опција за да го остават детето дома. Немаме сите слободни и присутни родители кои би го чувале.
Од министерство за трид и социјала им одговориме дека состојбата со градинките се следи на дневно ниво и дека се постапувало по строго предвидените препораки.Комисијата за заразни болести не дозволува зголемување на број на деца во воспитните групи. – стои во дописот од министерството за труд и социјала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *