• Fri. Nov 22nd, 2024

ЗП „Радовишка пчела“ и радовишани го одбележаа Светскиот ден на пчелата

ByЃ. K.

May 20, 2024

Со претставување на бенефитите од консумирање на пчелните производи во центарот на градот денеска членови од ЗП „Радовишка пчела“ заедно со радовишани го одбележаа Светскиот ден на пчелата.

Секоја година на 20 мај, се одбележува светскиот ден на пчелите, денот кога во 1734 година во Брезница (денешна Словенија) е роден Антон Јанша, сликар и пионер на модерното пчеларство.

Пчелите и другите запрашувачи (поленатори) сѐ повеќе се загрозени од активностите на човекот.

By Ѓ. K.