Времето денеска во утринските часови утре ќе биде променливо облачно, во западните делови со локален дожд.
Преку денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо, информираат од УХМР.
Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови (на повеќе места со брзина над 60 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 30°C.