• Fri. Nov 22nd, 2024

Земјоделците и денес на протест.Бараат повиски откупни цени на зелката,краставицата и лутата пиперка.

Земјоделците од струмичко и денес на протест.Го блокираа магистралниот пат Струмица -Скопје. Блокираа еден час сакајќи да го искажат револтот што на вчерашното доаѓање на заменик министерот Костадиновски не биле повикани на средбата.Земјоделците кои еден час не пропуштаа возила , бараат цената на зелката да се покачи но и да се регулира увозот на раноградински производи од соседна Грција, како и увозот од Албанија кои дополнително придонесуваат цените во земјава да имаат пониска вредност.

И денес земјодеците од микро регионот истакнаа дека протестоте не се испровоцирани политички.Тие биле овде единствено да ги бараат правата на земјоделскиот труд.

Денес земјоделците истакнаа , доколку не се остварат нивните барања ќе ги радоикализираат протестите со затварање на граничните премини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *