• Sat. Nov 23rd, 2024

Земјоделците во долгови – ги бараат субвенциите по сите основи за 2016

Струмичките земјоделци апелираат до платежната агенција и министерството за финансии веднаш да се пуштат субвенциите за минатата година оти тонат во долгови. Се прашуваат ако Буџетот е ликвиден зошто министерството за финансии не ги пушти сите пари одеднаш туку се оди етапно. Велат дека минуваат тешка сезона со огромна мака ниски откупни цени и големи кредити . Речиси сите земјоделци пред објективот Канал ВИС тврдат дека за лани немат добиено субвенции. Се надеваат дека деновиве на нивните сметки конечно ќе легнаат парите од државата што со месеци ги ветува

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *