Струмичките земјоделци бараат итна средба со министерот за земјоделие. Цената на зелката се спушти на 10 и 8 денари за килограм а откупот е со рестрикции, не се купуваат сите количини коишто ги имаат земјоделците.
„Бараме да се видиме со министерот, бидејќи ако не одговорат на ова наше барање не знам како ќе реагираат земјоделците, изјави Ристо Велков- од Регионален сојуз на земјоделски синдикати.
Земјоделците реагираат дека преживуваат и дека ќе пропадне целата раноградинарска сезона додколку не се реши проблемот со пласманот.
Министерот за земјоделие денеска во Кавадарци изјави дека ја следат состојбата и се подготвува понуда за рускиот пазар.
„Правиме се’ што можеме да го решиме проблемот со пласманот, во преговори сме за да се најде решение за пролетното производство на зелка“, рече Љупче Николовски-министер за земјоделство
Во моментов зелката не се извезува во Русија и Украина, а причината според министерот Николовски е што овие земји имаат увоз од други земји по поконкурентни цени.