• Sat. Nov 23rd, 2024

Земјоделците бараат итна интервенција со откупот на зелка, во спротивно ќе блокираат

ByDimitar Micev

Apr 14, 2018

Земјоделците бараат итна интервенција со откупот на зелка, во спротивно ќе блокираат. Ова го изјави Ванчо Митев од Сојузот на земјоделци. 10 до 12 денари за килограм е моменталната цена што ја нудат откупувачите на оваа култура. Ситуацијата е алармантна, цените се ниски па производителите нема да можат да ги покријат производствените трошоци.

Митев вели дека 70% од засадената зелка сеуште не е наберана. Бараат од надлежните да се преземат итни мерки, за да на скапуваат производите на нива.

Инаку почетната откупна цена на пролетната зелка беше 40 денари за килограм, потоа почна драстично да се намалува и падна на само 25 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *