Хиперпродукција, расцепкани и ситни земјоделски парцели, слаб откуп и несигурен пласман. На спроти квалитетот на македонскиот градинарски производ стојат овие сопки кои не дозволуваат земјоделецот да ужива во она што го произведува.
Дебатите се водат на повеќе нивоа. Сите вклулчени во процесот велат дека на среден и долг рок мора да се донесат политики кои ќе го трасираат патот кон прифитабилно земјоделство. Од ресорното министерство најавуаваат дека веќе в петок ќе го разгледуваат зкаонот за соведодавни услуги на земјоделците.
Откупувачите повеќепати алармираат дека земјоделците мора да размислат да ги менуваат типовите земјоделски производи. Наместо традиоционалните домати, да произведуваат на пример чери домати, односно оние артикли што се барани на европските пазари и светските синџири на маркети.
Истовремено, преку ФАО се работи и на окрупнување на земјоделското земјиште за негова консолидација што може да доведе до организирани парцели во кои ќе стигнуваат и системи за наводнување, инфраструктурно обезбедени што ќе ја олесни работата на земјоделците.
Деновиве црвеното светло го дигнаа производителите на домати, чиј род скапуваше на нивите. Министертсвото вчера најави дека за предадените количества домати кај регистрирани откупувачи во период до 15 јули, земјоделците, наместо 3 денари, ќе добиваат 7 денари по килограм за да се надмине неповолната состојба на пазарот.
Производителите велат дека при скапи репромартеријали и заштитани средства, со овие пари не може да ги покријат трошоците.