• Fri. Nov 22nd, 2024

Здруженијата на такси превозници изненадени од новиот закон за данок на моторни возила

Здруженијата на такси превозници изненадени од новиот закон за данок на  моторни возила кој е во собраниска процедура. За намалувањто на 25 отсто од данокот при купување на ново возило наменето за такси превоз ниту, биле консултирани ниту пак знаат на кој начин законот ќе се спроведува. Во иднина бараат за секоја законска измена или носење на нов закон да бидат навремено известени и вкучени во одлуките

 

„Како прво ние ниту сме консултирани, ниту пак известени за новите измени што се највени дека ќе стапат во сила за многу кратко време.  Би апелирала ако може пред било која измена да се направи во законот да бидеме исконсултирани. Не е добро објаснето што се тие 25 отсто ако е целокупно на данокот е добро, но ако е за акцизата не сум сигурна како тоа би помогнало“, вели Донка Лазаревска- асоцијација на такси превозници.

Во меѓувреме откако не се реализираше најавуваната мерка за субвенција од 3000 евра за купување на ново или половно возило, министерот Бектеши изјави дека сепак преку уредба ќе има субевнции но само за нови возила со ЕУРО5 стандард или повисок.

„Ќе одиме со измени на уредбата што произлегува од Законот за моторни возила, која предвидува за возилата што загадуваат повеќе или се под ЕУРО5 стадардот да се зголемат давачките при увоз, а за бозилата кои се над овој стандард да се намалат. На тој начин со закон и со уредба ќе им овозможиме на сите заинтересирани да ја користат оваа мерка и да може да ги сменат старите возила“, рече Крешник Бектеши- министер за економија.

Анализите говорат дека автомобилите учествуваат со 20 проценти во аероазагадувањето. Само претходната година од вкупниот број увезени возила  88 насто биле автомобили постари од 10 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *