• Sat. Nov 23rd, 2024

Здружението ХОРТИ ЕКО отпочна со активностите од проектот „Зелени училишта“

ByЃ. K.

Sep 16, 2023

Здружението на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО отпочна со активностите од проектот „Зелени училишта! со засадување на дрвца во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица во училишниот двор. Целта е да се придонесе развивање на свеста кај младата полулација за подигање и одржување на зелените површини.

Ваквото наменско и планирано засадување на дрвца има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на дворовите на средните училишта, туку и за едукација и поттикнување на еко-свеста кај младите учесници. Идејата е тие сами да се грижат за дрвцата кои ќе ги засадат и со тоа да стекнуваат навики за зачувување на средината во која што тие живеат и делуваат преку реплицирање на слични идеи и еко практики. Поттикнувањето на еко-свеста е значајна за обвновување на кругот на биодиверзитетот како важен услов за хармонија и синергија меѓу луѓето и растенијата.

Проект финансиски поддржан од Општина Струмица Г1 програмата.

By Ѓ. K.