Наградата годинава ја доби струмичката библиотека, а од следната заедно ќе ги постават критериумите за наградата која го носи името Павлина Цунева Маказлиева, поранешна библиотекарка во струмичката библиотека.
Здружението „Средби под јаворите – Видое Подгорец“ во соработка со издавачката куќа „Просветно дело“ од годинава воведуваат награда за најдобар библиотекар. Од здружението велат дека библиотекарите треба да се мотивираат и правилно да се вреднува нивната работа.
Годинава почесната награда ја доби струмичката библиотека, а од следната година заедно со здружението ќе ги постават критериумите за доделување на наградата.
Наградата го носи името Павлина Цунева Маказлиева, поранешен библиотекар во детското одделение на струмичката библиотека. Семејството е гордо што ќе заживее споменот на нивната мајка. Годинава се навршуваат 30 години од смртта и 75 години од раѓањето на Павлина.